Да, да, убаво прочитавте! Зборот од насловот е веројатно најкомплицираниот англиски збор кој е некогаш измислен, но постои во речникот. Без сомнеж, и најстручните лингвисти би биле комични во обидот да го изговорат. Но, што ако тоа треба да го направат мали симпатични дечиња од Камбоџа? Ќе дознаете од видеото на Мет и Луси, млада двојка од Лондон, кои поминале три недели во селско училиште во Камбоџа, волонтирајќи како учители по англиски јазик. Дошле на идеја да им зададат предизвик на учениците да го изговорат најтешкиот англиски збор и тоа да го прикажат на видео. Покрај целта да ги насмеат гледачите, упатуваат и апел до сите хумани луѓе да донираат за училиштата. Погледнете го двеминутното видео и нека насмевката не се симнува од вашето лице во текот на целиот ден!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧифт чевли | Bookmarks
Следна објаваЈазикот на љубовта
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

  1. Znaci ova samo kaj Amerikancite go moze:) Inace zborov da navistina postoi vo recnik megutoa NEMA znacenje :))))Izmislen e vo Meri Popins filmot odnosno ima pesna so vakov naziv a zborot kaj Amerikancite e poznat i kako “najteskiot” americki zbor iako se kladam deka 95 % od niv go nemaat ni slusnato:)

Comments are closed.