Едно момче се спремало за доделување на дипломата. Со месеци се воодушевувал на спортските автомобили кои стоеле на излозите во авто салоните.Знаел дека татко му може да си дозволи таков подарок, и затоа и му кажал дека автомобил е се што сака како подарок за дипломата. Како што се наближувал денот , така момчето се повеќе очекувал да открие некој знак за купување на автомобилот.

Конечно, дошол денот за доделување на дипломите.Татко му го повикал во својата работна соба. Му рекол дека е горд на него, и дека е среќен што му е син и дека многу го сака. Таткото му предал убаво спакуван пакет. Помалку разочарано, но сепак љубопитно момчето го примил пакетот и почна да го отпакува. Пред него се појавила книга со преубав кожен превез. Бесен, и со повишен тон синот му рече на татко му: “Лежиш на пари, а ми купи само една обична книга!!!“ По тие три збора, момчето ја фрлило книгата, истрчало надвор, и уште истиот ден побегнало од дома. Поминале многу години. Во меѓувреме, синот пораснал во доста успешен деловен човек. Имал прекрасно семејство и убава куќа. Но секој ден станувал се посвесен на фактот дека сега татко му е прилично стар и дека можеби би требало да оди да го посети.Но пред да ја оствари својата намера, му стигнува телеграма ,со која го известуваат дека татко му починал и дека сето наследство му го оставил нему. Морало итно да дојде и да ги среди сите потребни документи во врска со препишувањето на куќата и имотот од својот татко на свое име. Приближувајќи се до куќата, се повеќе го обземала тага и грижа на совеста. Во татковата работна просторија се потсетил на нивниот последен разговор…и средувајќи ги така документите, погледот му паднал на книгата со кожен превез која стоела на она место на кое тој ја фрлил оној ден кога дипломирал. Со солзи во очите почнал да ги листа страниците на книгата ,застанувајќи на некои страници. Во тој момент, испаднал клуч од пликот кој бил прилепен за задната корица од книгата. Тој го подигнал клучот за кој бил закачена картичка од автосалонот. На картичката стоело името на автосалонот, типот на автомобилот и датата на продажбата потврден со печат. Тоа било датата на неговото доделување на дипломата.

Колку пати сме ги пропуштиле Божјите подароци само затоа што не биле спакувани на начин на кој ние сме очекувале!!!

НЕМА КОМЕНТАРИ