Мое мило девојче,

Денот кога ќе забележиш дека стареам, те молам биди трпелива, но најмногу од сѐ, обиди се да сфатиш низ што минувам.

Ако, додека зборуваме, ги повторувам истите и истите нешта по илјадници пати, не прекинувај ме со зборовите: ,,Веќе ми го кажа ова пред една минута!’’. Само ислушај ме, те молам. Обиди се да се сетиш на времето кога ти беше мала, а јас ти ја читав истата приказна ноќи и ноќи, сѐ додека не ти дојдеше сонот.

Кога нема да сакам да се искапам, немој да бидеш лута и не засрамувај ме. Спомни си на миговите кога трчав по моето мало девојче, барајќи изговори и обидувајќи се на секој можен начин да го убедам да влезе под тушот.

Кога ќе видиш колку сум неука кога е во прашање новата технологија, дај ми го сето време кое ми е потребно да научам, и не гледај ме со прекорлив поглед. Запомни, душо, јас трпеливо те учев да ги совладаш основните нешта, да јадеш правилно, да се облечеш, да си ја заврзеш косата,  како да се соочиш со секојдневните животни предизвици.

Ако повремено го изгубам правецот за она за што зборуваме, дозволи ми малку време да се присетам, а ако не успеам, не биди нервозна, нестрплива и груба. Само почувствувај во своето срце дека најважната работа за мене во тој миг е да сум со тебе.

А кога моите стари и уморни нозе нема да ми дозволуваат да се движам со истата брзина како порано, подај ми ја својата дланка, на истиот начин на кој јас ти јас понудив мојата, оној ден кога првпат прооде.

Кога тие денови ќе пристигнат, не чувствувај се тажна – само биди со мене, и разбери ме додека чекорам кон крајот на мојот живот, со љубов. Јас ќе те благословувам и ќе ти бидам благодарна за подарокот – времето и радоста кои ќе ги споделиш со мене. Со голема насмевка и огромна љубов која отсекогаш ја чувствувам кон тебе, само сакам да ти кажам:

ТЕ САКАМ, моја најмила ќерко !

* текстот е превод на писмото кое мајка и го посвети на својата ќерка за Денот на мајката, а кој се празнува денес на територијата на САД .

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Мајчински инстинкт
Следна објаваФото на денот | Заедно до крај
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ