Тарагона (Tarragona) е мал медитерански град кој се наоѓа 84 километри јужно од Барселона. Целата околина е еден мал музеј кој сведочи за ибериската и римската култура.

Главната улица Rambla Vella го дели градот на два дела.
Во северниот дел се наоѓаат старите градби од периодот на Римската империја, опкружени со високи ѕидини кои се едни од главните атракции. Јужниот дел од градот е понов и во него се сместени бизнис центрите, хотелите и рестораните. Прошетката може да ја започнете од прекрасниот видиковец наречен Медитерански балкон. Од овде се гледаат остатоците од римскиот амфитеатар и прекрасната долга песочна плажа. Во близина се наоѓа катедралата Santa Maria del Miracle изградена во 12 век. Исто така може да ги посетите Римскиот музеј во кој има подземни премини и тајни простории, но и Националниот музеј на Тарагона.

Од позначајните настани во овој град, може да ги посетите:
Интернационалниот Dixieland Festival – се одржува на крајот од мај во кој се изведуваат околу стотина концерти.
Интернационалениот натпревар на огнометот – се одржува во првата недела од јули во прекрасниот залив Punta del Miracle, кој бил едно од омилените места на Антонио Гауди.
Santa Tecla Festival – главна туристичка атракција со традиција од 1321 година и во кој главни случувања се натпреварите во формирање кули од луѓе, разните паради и огномети.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР