Богати детали во Холивуд стил. Ова ја опишува конкретната новела во чија суштина лежи човечкиот неуморен куриозитет да ѕирне во приватниот живот на славните, да се наслади на нивните маки, да ги дознае нивните тајни – како што и самиот наслов имплицира, оваа книга е предизвик за Вашите нерви доколку сте љубител на претерана драматичност, преку набљубување на животот на славните од другата страна, страната на славата и борбата да се задржи и одржи истата.

Приказната започнува со идејата да се создаде нова хит серија, која ќе го зафати просторот на prime time на националната американска телевизија, а која ќе го носи името „Менхетен“, под режисерската палка на Мел Велер, имено познат и акредитиран во својата бранша. За истата се верува дека ќе постигне особен успех поради нејзината тематика, жешка сапунска опера по барање на гледачите ширум САД, но и поради инволвираноста на Сабина, поранешна старлета која и покрај изминувањето на годините поткрепени со ботокс, не доживува избледување на популарноста и убавината. Покрај неа, во улогите се приклучува и Џејн, актерка која се откажала од кариерата поради бракот и децата; исто така, младиот Бил кој сам на себе си ветува дека ова е неговата актерска пауза, си дозволува да влезе во овој проект. Енигматичниот и шармантен ерген, Зек, исто така се приклучува на екипата; заедно со непознатата и најмлада Габриел, на која допрва и предстои сјајна кариера. Во центарот на брканицата по слава, оваа група на луѓе на кои заедничко им е само актерството, успешно се позиционира времето како показател на градативна блискост; дозволувајќи им да се постават како вистинско мало семејство, да ги делат среќата и несреќата, радоста и болката, животот и славата. Нивната врска на заедништво уште повеќе се зајакнува кога еден од нив е осомничен за убиство…

По успехот на „Патување“, „Пет дена во Париз“ и „Ангелот Џони“, емоциите не смеат да бидат заобиколени… Раѓањето на разнолични видови на афекција помеѓу главните ликови е единствената одлика која би можела да делува во својство на клише, во стилот на Стил. Најголемиот проблем на овој роман е мултикомплексноста на карактери, која на моменти делува како lifestyle celebrity магазин, наместо белетристична тематика за одмор: шестте животни патеки кои се вкрстуваат на еден пат, патот кој „Менхетен“ ќе го однесе на врвот од гледаност, без да им ги прости човечките особини и тајните на припадниците на светот на познатите и богатите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТатко и ќерка
Следна објаваМалото црно палто од Шанел
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР