Фото-манипулација или извонредна креативност која ќе Ви ги скрати маките додека се борите со обичната светлина, а приказната не Ви дозволува да му дадете предност на сонот?
Тогаш подгответе се за следново…
Книга во форма на светилка: совршено ја имитира и практично ја заменува столната/ѕидната ламба.

На прв поглед, импресивно доловуваат мистификација на вистинска отворена книга, се додека блесокот не ја означи пренамената на истата – исто како и било која книга, деликатно корисна со квалитетна хартија која е пробиена од зраците на сијалицата, умешно скриена позади импровизираните сраници. Со ефект на пастелни тонови ефектирани на корицата и свилен кабел кој додава на елеганција, овие рачни изработки од Студио МЅ од Лондон држат непристојна цена која варира од големината и типот на книга.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВелигденски декорирана храна
Следна објаваSmokey Eyes во боја
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР