Повеќеслојност, симболичност и динамика во секој поглед при создавање на оригиналната филозофија на „Папокот на светот“, композициски базиран на модел книга во книга – со особен рекспект кон сопственото убедување дека „нема голема уметност без контакт со Едното и Неделивото, Семожното и Возвишеното“; мултикарактерен и мултивременски уникатен литературен мозаик како сведоштво за интелектуалната егзистенција и есенција на Филозофот, исткаена компаративно и метафорично преку пајаковата мрежа во својство на енигма, со акцент на пајакот, Божјо суштество кое само ја крои сопствената пајажина и сопствената судбина.

Три нешта видов: светлина, боја и музика. Ете како лаже писмото, бедни, ете како е лажовна устата, превртлив јазикот, несигурно словото; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлинан и музика, и како што музиката е светлина и боја!“ – умешно обидувајќи се и успешно убедувајќи не дека како поседници на сетилното расудување, селективно треба да се складираме восприемените импресии и депресии од околината, се со цел да не ја изложиме рационалноста и чесноста на тест со непредвидлив исход. Без да цели да не оддалечи од земскиот карактер што не маркира како припадници на родот човеков, тој не упатува кон следење на сопствениот рецепторен суд, во насока да се пронајде изворот на убавина: „Светлина што се гледа со срце, а што се распаѓа на бои кога се гледа со разум; музика што се слуша со срце, а што се распаѓа на гласови кога се слуша со разум“. Истовремено, доведувајќи не до откровение дека истите тие сетила заедно со нивното различна доминација кај секој човек поединечно, се сепак детерминирани од Возвишеното и Невидливото: „Светлина – благодет, Свет Дух. Дожд, дожд од светлина. Како што дождот, паѓајќи на земјата им ги дава на билките нивните особини: на слатките – благост, на опојните – опојност, а на отровните – отров, така и таа, светлината, која влегува во срцата на луѓето се менува и им дарува моќ според доблестите на срцата.
Мене отров.Мравји.
Крајно суптилно и на моменти изненадувачки директно, Андоновски прави поентирање од кое читателот практично доживува апсолутна тишина во својот ум, допирајќи ги симболичките афоризми, сочувствувајќи со речитите сакраменти, телепортирајќи се во една друга временска рамка чија димензија означува чиста и примерна почит кон надчовечкото и надземското: за кое, неслучајна е компаративноста на овој роман со истите тие параметри од страна на поклониците на неговите дела.

И покрај огромната популарност на „Вештица“, сосема правилно и заслужено во наградата за роман на годината, „Папокот на светот“ е добитник и на „Балканика“, во својство на најдобра книга согласно балканските размери. Затекната и во облик на театарска претстава и филм, книжевната база на „Папокот“ останува да важи за темелник на светлината на македонската литературна сцена, отелотворена во вонвременските дела на македонскиот Великан, господинот Венко Андоновски.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБраќата Грим во поинакво светло
Следна објаваЅвезди во Диор
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ