Фотографијата ја направил Eric Lafforgue во племето Мвила, Ангола и прикажува млада мајка која до себе го држи своето новородено албино девојче. Како што вели фотографот на неговото патување низ племињата во Ангола сретнал многу албино луѓе кои се во лоша здраствена состојба заради сонце. Мвила жените се познати по своите коси кои се многу значаен дел од нивната култура. Тие ја бојат косата со црвена паста т.н. онкула која ја прават од кршен црвен камен. Во тоа додаваат масло, кора од дрво, сушен кравји измет и разновидни билки. Освен бојата тие на косата додаваат и монистри од школки т.н. каури(вистински или пластични).Косата кај челото ја бричат бидејќи тоа е знак на убавина. Плетенките или суканиците имаат исто така име нонтомби и имаат значење. Ако се жени или мајки носат од четири до шест, а три кога некој починал во семејството.

Плетенки имаат и бебињата како што може да се забележи и на ова албино девојче. Во кој период од животот се наоѓа оваа жена покажува нејзиниот разнобоен ѓердан, кој не смее да биде изваден дури ни кога се оди на спиење. Младите девојки носат црвени, подоцна носат жолти кои ги нарекуваат викека и тие ги чуваат до венчавката која може да трае и четири години.

Кога се веќе мажени носат збир од повеќе ѓердани наречени виланда.

СПОДЕЛИ
Следна објаваДлабоко плаво | Federico Beltrán Masses
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР