Сакав да подарам нешто.Нешто мое.Нешто што јас ќе го создадам со љубов употребувајќи ја мојата креативност.Нешто за моите најдраги .Тоа нешто ме потикна да го употребам дрвото како материјал за да ја изработам мојата прва скулптура”Приказната за Глигор Кузмановски  и неговата уметност започнала многу одамна кога како дете почнал да слика, но подоцна тоа само му помогнало да открие дека може и на друго поле од уметноста да твори. Глигор по професија е дипломиран историчар на уметност и археолог, но професионално веќе една година се занимава со дизајн на дрво особено на дрвен накит.

Тој вели дека негов избор бил дрвото бидејќи му е топол материјал, а највеќе му лежи да работи со орев иако изработува и од цреша и смоква. Сите парчиња се изработени рачно,прво употребува граверка за да добие форма, потоа следи рачно шмирглање, рачна дообработка на детали и на крај предметот го бои употребувајќи акрилни бои. Секое идеја за овие модни додатоци е и одредена приказна,прераскажана во  форма на накит.Тоа овој дизајн го прави уникатен, модерен,наменет за оние кои имаат самодоверба за несекојдневен аутфит. Од накитот изработува:обетки,белегзии,огрлици,брошеви, потоа скулптури,а од неодамна има обиди и во ентериер. Има учествувано на повеќе базари,на Баскер фест, изложбата на Велестово –Поетски ноќи 2011 и многу други настани. Тој има соработувано со модната креаторка Росица Мршиќ за нејзината колекција есен/зима 2011/2012 каде го изработил накитот наречен “Шума”.Нивната заедничка работа продолжува и за нејзината колекција пролет/лето.

Неговиот накит е изложен и во книжарницата Кавказ.

Коментари

коментари

4 КОМЕНТАРИ

  1. Prekrasni kreacii, golema ljubov i talent vlozen vo navidum ednostavni kreacii so mnogu dlaboko znacenje.
    Vakov talent trebna da se neguva, poddrzuva i slavi.
    Bravo.
    Sekoja kreacija e svoja prikazna.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР