Ова не е уште една книга „која ќе Ве загризе во вратот“. Ова не е уште една приказна каде страхотниот вампир се заљубува во својата жртва… ова не е уште еден абнормален роман кој ќе Ве измори: ова се Вампирските дневници. Опасен рамнокрак на љубовта, каде двата крвно поврзани (и особено надарени со секси харизма) краци означуваат крајни карактерни спротивности, обајцата насочени кон најранливиот, но не и најмистериозен крак од сите 3 – најубавата девојка во Мистик Фолс.

Стефан Салватор: тотално длабок и мистериозен, очаен во обидот да и одолее на Елена, да ја загуши неговата љубов кон неа, за нејзино добро. „Но, тој беше уморен да живее во сенка. Тој беше уморен од темнината и работите кои тивко егзистираат во неа. Најмногу од се, тој беше уморен да биде сам“.
Дејмон Салватор: самоуверено секси и опасен, дециден во нагонот да му се одмазди на Стефан, поради неговото предавство. Зар има подобар начин од тоа да му ја превземе љубовта? „Злото никогаш не ќе најде мир. Може да триумфира, но никогаш не ќе најде мир„.
Елена Гилберт: популарна девојка на училиште, уништена ќерка дома. Сираче чија грижа за помалечката сестра е оставена на неа. Секогаш подготвена да се жртвува за другите.. Притисната да избере меѓу двајцата браќа. Особено наклонета кон Стефан, но, со извесна афекција кон Дејмон. Квалитетот и разбирањето на натприродниот карактер на оваа книга доста говори за елаборацијата на чувствата кои градативно се таложат помеѓу трите главни ликови: Л. Џ. Смит има неверојатна храброст да ја склопи оваа приказна за ривалитетот и љубомората која постои во секој дом каде што напоредно растат двајца браќа со голем потенцијал; и умешно на тоа да ја додаде љубовната состојка која го разгорува истиот тој конфликт. И тоа двапати!
Еднаш, во текот на нивната транзиција. Вторпат, по нивното повторно видување, назад во Мистик Фолс. Еднаш тоа е Катарина, вторпат тоа е Елена. Страшна приказна за двајца браќа-вампири и прекрасна девојка меѓу нив. Случка чиј пролог е срцевина на романот.

Фантастичните моменти на дескрипции околу предностите и мааните да се биде вампир е особен белег на Дневниците. Разликите помеѓу браќата прават уште повеќе да се заљубите во нив обајцата; нежноста која Елена ја буди во нив, уште повеќе придонесува да паднете на нивниот шарм. Изборот кој таа треба да го направи, а кој се пролонгира за натамошните продолженија на Л. Џ. Смит, повлекува извесна непреферираност кон Елена… од едноставна причина, што секој би убил да е на нејзино место. Секој би убил, да биде центар на вниманието на браќата, да биде вечен објект на спас. Да биде последна трошка надеж за човечноста на нечовечките и крволочни, Салватор браќа.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМотивација | Гавранот
Следна објаваМлади креативци | Глигор Кузмановски
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

  1. Голема разлика од книгата до серијата, ама на наша среќа. Не би можела да ја поднесам Елена во самобендисано издание!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР