Рускиот фотограф Andrei Pavlov кој работи и живее во Санкт Петербург, користи вистински мравки сместувајќи ги во најразлични секојдневни сцени, за да ја создаде својата неверојатна серија, наречена “Мравкини сказни“.

“Заради начинот на кој тие се поставени, многу луѓе мислеа дека мравките се мртви, но сепак тоа не е точно – тие се живи и неповредени во текот на снимањето. Многу време поминав проучувајќи го нивното однесување и сфатив дека тие си имаат многу лесен шаблон за работа, до кој се придржуваат без исклучоци. Па, така многу е лесно да им поставите мали “стапици“ со кои ќе им го одвлечете вниманието. Значи се што треба е само да пронајдете мравки, да го поставите реквизитите на нивниот пат на работа, да додадете добра светлост од страна, а потоа само да застанете на маргините и да фотографирате.“ – вели фотографот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMadonna | “Girl Gone Wild”
Следна објаваНајдолгата графити војна | Robbo VS Banksy
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР