A Dangerous Method (Опасен Метод) е историски филм на познатиот режисер David Cronenberg снимен во 2011 година.

Во филмот главните улоги ги играат Viggo Mortensen(Sigmund Freud), Keira Knightley(Sabina Spielrein) and Michael Fassbender (Carl Jung).

Ова е вистинска приказна која е базирана на турбулентните односи помеѓу Carl Jung основач на аналитичка психологија, Sigmund Freud основач на дисциплинска психоанализа и Sabina Spielrein првата жена психоаналитичар.

Филмот започнува во Швајцарија каде млада 18 годишна девојка длабоко вознемирена Sabina Spielrein се транспортира во клиниката на д-р Carl Jung. Преку лекот на Freud  т.н. “зборувачки лек(разговарачки лек)” Jung ќе и помогне на Sabina до степен до кој таа не само што ќе го поврати своето нормално функционирање туку и ќе се докаже како добар студен на медицина којa воедно ќе му помага на докторот.

Jung притиснат од неговата конзервативна жена ќе западне во авантуристичка сексуална врска со Sabina,а на сето тоа ќе влијае неговиот пациент, кокаински зависник Otto Gross (Vincent Cassel).

Во меѓувреме Carl Jung и Sigmund Freud кој е негов ментор ќе имаат средби и дописи меѓусебе за начинот и методите како ги лекуваат своите пациенти.

Кога Jung ќе ја прекине љубовната афера со Sabina таа решава да замине во Виена каде ќе учи од Freud.

Погледнете го филмот

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРетро автомобили | Andreas M. Wiese
Следна објаваНајдобрата бит бокс изведба на Hit The Road Jack
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР