Александер Корцер Робинсон е уникатен артист чија најфина одлика на креирање уметност е длабење на стари книги и енциклопедии во облик на спектакуларен финален производ, како сцени од приказните за деца.

 

 

Со потекло од Обединетото кралство, неговата уметност е видлива во сопствената оригиналност да се види срцевината на книгата на самата нејзина фронтална страница, изложување на најбитната фабула преку илустрација, но никогаш со додавање на детали.
Најголемиот предизвик за мене е да се најде скриената суштина на книгите преку визуелно раскажување на истите… во текот на процесот на настанување, одземање и додавање, кроење и детализирање, наративот на композицијата се развива за да конечниот резултат е резултат на планирање и шанса. Од илустирација на книгата по азбучен ред, тоа создава најголема интрига. Да се направи нешто повеќе од книга, навидум неповрзана имагологија е вистинска радост за мене“.
Уживајте во оваа несекојдневна намена на книгите.

Успеавте ли да препознаете некоја,без да стои нејзиниот наслов на насловната страница?
Иронично, но крајно иновативно.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТанцот на балерината
Следна објаваСмешни очиња на улиците
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР