Нина Симовска по професија е дипломиран археолог и во моментов е постипломец на катедрата за Историја на уметност насока Археологија на универзитетот Св.Кирил и Методиј, Скопје. Од нејзината најрана возраст се занимава со уметност, а во 2009 година отвора и сопствено студио за уметност и дизајн “Симовска дизајн”. Мометална преокупација и е дизајн на современ накит изработен од патенти.

“Првичната идеја ја добив преку експериментирање со различни медиуми и секако од потребата еден толку едноставен и секојдневен додаток од нашата гардероба да добие комплетно нов применет изглед во форма на накит. Главен елемент за создавање на овој  дизајнерски производ  е неговата функционалност која создава секојдневен меинстрим и е наменет за сите оргинални луѓе кои што сакаат да ја збогатат својата колекција со еден дизајнерски производ”.

Техниката на обработка е рачна што доведува до поголема уникатност и оргиналност, а материјалот е метални патенти и патенти со интензивни бои што воедно овозможува секој да си го пронајде своето парче.Сите се различни, модерни, уникатни и секој од нив раскажува своја сопствена приказна. Следејќи ги светските дизајнерски трендови овој накит спаѓа во категоријата на ултра модерен наменет за урбани луѓе од сите возрасти. Неодамна Нина ја имаше својата прва самостојна изложба под наслов “Затоа што” во Културниот центар Креактив.

“Името на изложбата е  рефлексија на одреден период од мојот живот и момент кога највеќе ми беше поставувано прашањето  Што? Зошто? па така изложбата “Затоа што” беше одговор на сите тие прашања.”

Нина освен со дизајн на накит се занимава и со изработка на мозаик, сликање, фотографија и дизајнирање на предмети од секојдневието(шољи за кафе, чај ,подметачи и сл.). Како млад креативен дух не престанува да експериментира во разни медиуми што е одраз на нејзината слободна природа. Во мометов е дел од работилницата за накит во домен на креативни индустрии во организација на Mинистерство за култура и во реализација на Public room од Скопје.

Коментари

коментари

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР