Стартно и неоспорно, книгите на српската авторка Мир-Јам пружаат едно непосредно и сосема поинакво чувство на восприемањето приказна, во форма на една лежерна слобода и неминовно поистоветување со карактерите, локалитетите и вечно присутниот, г-дин Менталитет. Автентиката на балкаканските простори читателот ја доживува апсолутно вистински, се соживува со балканскиот парадокс, се поистоветува со чувството на припадност и препознатливот. Му се пружа една ретка можност светот да го перцепира низ стаклено сините очи на малата бела госпоѓа и да живее напоредно со неа.

Анѓелка е белградска дама пред своето време, на прагот на својата младост – со диплома од областа на правото, со достоинствено работно место и свеж брак со рационален, а истовремено згоден и млад правник. Перфекционизирано извајана во своја телесна смисла, стилизирано средена во класичен стил, со порцеланска кожа и црни кадрици, се чини дека нејзината несекојдневна остоумност и интелигенција се само јаготка на шлагот. Приближно највисоката точка на заплетот се позиционира веќе низ почетните страници, кога нејзиниот сопруг Томо открива една скриена вистина поврзана со нејзиното минато, при што тој не дозволува неговата конзервативна суета да дозволи на емоциите да испливаат на површина, туку да резултираат со автоматски развод. Драмата која последователно се случува на апсолутната фама и срамота да се биде распуштеница на така рана возраст кулминира во нејзиното напуштање на Белград и ново вработување во внатрешноста, каде што никој не ја познава и каде што никој не ќе и суди за грешките во нејзината релативна младост. Нејзиниот неприкосновен шарм и ретка женственост, остар ум и достоинство повлекуваат низа скршени срца, меѓу кои нејзиниот сосед Сафет, локалниот аристократ Кнежевиќ и неговиот внук Ненад, припадник на авијацијата, за кого кај Анѓелка се раѓаат искрени емоции. По волја на судбината или по сплет на околности, нивното зближување се чини како намерно да се одолговлекува за некои подобри времиња, за некој подобро селектиран тајминг.
Работите течат во правилна насока се додека во судот во кој што таа работи не се делегира нов судија…

Епска балканска драма која ги врзува бившите југословенски простори во едно силно јадро, со заеднички карактеристики и препознатливо делување врз основа трачеви, застарени стандарди и малограѓанштина, но не по цена на вистинската љубов и вистинските вредности во животот. Карактерите кои што претставуваат вистински редок бисер во едно такво ниско оценето општество со маркантни белези на мултиетникум го заслужуваат своето место во историјата, заедно со емоциите кои го доживуваат својот сјај на крајот од овој роман кој не смее да се заобиколи.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпокој и мир
Следна објаваПин-ап девојките на David Wright
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР