Нашето срце е како ризница – ако се дозволи прилив на сето богатство оддеднаш, истото оди во банкрот„.
Градот на светлината во едно златно време, истрошен павилјон со еден мистичен станар – таткото на две ќерки во еден уништен семеен портрет. Зраци на сочувство од страна на надежниот студент Де Растињак, чија благородна решителност е ретка во тие години. Според Балзак, „во младоста, не се осмелуваме да погледнеме во огледалото на совеста – во староста, веќе сме сопственици на одразот. Тоа е целата разлика помеѓу двете фази во животот“, при што Растињак е верен припадник на првиот стадиум, со белези на вториот при своето дејствување.

Она што неминовно се поставува како репер на сочувство и неочекувана емпатија со кутриот старец, е токму неговата трагична судбина… отпадник во една скриена улица, во павилјонот на г-ѓа Викер, скриен помеѓу разноликоста на карактери, меѓу кои и мистериозниот и опасен Вотрен, кој без особена причина станува своевиден учител на младиот и иден правник низ маршутата на животот. Инволвирајќи се во низа сплетки, остварувајќи серија контакти во високото друштво, Растињак успева да добие свое место во маскембалот наречен француска аристократија, каде ѕвезди на манифестацијата се, ни помалку ни повеќе, туку двете нежни чеда на чичко Горио, скромно израснати но, разгалено стационирани во прекрасни домови и договорени бракови, без трошка морал, без трошка љубов. Форминираните љубовни триаголници засилено ги острат своите краци, додека Растињак макотрпно се обидува да излезе од маѓепсаниот круг во кој доброволно се приклучи. За сето тоа време, срцето на стариот Горио тивко попушта..

И покрај неговите детални описи, Балзак ни аманетизира високо морална сторија која секако допира длабоко до сечија свест од едноставна причина што се случува секој еден од нас да биде нечие дете, односно нечиј родител запечатувајќи не со една универзална, парадоксална вистина … дали и колку сме бедни самите ние?
Неминовно си внесуваме во потсвеста трогателен говор кој е тешко да се изрече пред човекот заслужен за твоето постоење – ако ќерките на Горио барем приближно да го ценеа својот татко, барем да го испратеа со почести овој класик ќе беше се, освен споменик на реализмот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХумористична улична уметност
Следна објаваPixar | Студио за анимација
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР