Рускиот уличен уметник Nikita Nomerz  патува низ различни градови во својата татковина, за да најде напуштени објекти и да ги врати во живот. Тој им додава смешни човечки лица, цртајќи им големи очи и насмевки, искривени заби или едноставно остава прозорците да се вклопат како дел од лицето. Резултатот е – задоволни и насмеани минувачи.

Nomerz почнува да црта графити уште како дете, но тогаш повеќе се задржувал на цртање на класични хип хоп графити. Подоцна, почнува да ја учи и уличната уметност и си гради еден свој препознатлив стил. Тој вели дека секогаш си прави експерименти, а инспирацијата ја добива на лице место, кога ќе го погледне објектот врз кој ќе црта. За да изработи едно вакво дело, вели дека му треба околу еден час.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМини свет врз бонсаи дрвца
Следна објаваЧичко Горио – Оноре де Балзак
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР