Заборавете на clean girl естетика затоа што во мода е mob wife стил!

Ова е реченица која во последните неколку дена ја слушнавме безброј пати. До пред неколку недели, тренд беше чистата естетика за девојки, која вклучуваше минимална шминка, едноставни фризури, беж маникир и тивок луксузен моден стил.

Но, деновиве трендот е сосема спротивен, бидејќи сите се опседнати со естетиката на (mob wife) мафијашка сопруга. Естетиката на mob wife всушност е моделирана по стилот на жените на мафијашите, каде што се е претерано.

Фризури со преголем волумен, долги црвени нокти, силна шминка со нагласени очи и црвен кармин, се дел од mob wife естетиката.

Кога станува збор за mob wife естетската, акцентот дефинитивно е на бундите. Крзнените палта се оската околу која се врти секоја облека на мафијашката сопруга. Исто така, принтот од леопард е многу популарен кога станува збор за естетиката на мафијашката жена. Не заборавајте и на тантелата бидејќи таа е еден од заштитните материјали кога е во прашање естетиката на жената на мафијашот.

Што се однесува до накитот, стилот на mob wife подразбира впечатливи и големи парчиња, особено златни. Така да сега се носат густи златни синџири, големи златни обетки и впечатлив златен прстен.

 

Секако, сето ова ќе го сфатиме како еден моден забавен тренд :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPrada повторно е на прво место на ранг листата Lyst
Следна објаваНајубавиот маникир инспириран од Денот на вљубените
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ