Приказната на младата фотографка Катја Штркова започнала пред 4 години, од кога интензивно почнала да се занимава со фотографија. Едуцирајќи се од делата на други фотографи, разни книги и списанија на таа тема, желбата и потребата да документира се што се случува околу себе станувала се поголема. Се стреми кон уметничка портретна фотографија, а тоа можевме да го воочиме и на нејзината прва самостојна изложба која се оддржа во Клуб МКЦ на 22ри овој месец, а ќе трае до 28ми. Фасцинираноста од одредени познати личности низ историјата од полето на музиката, глумата и сликарството е главната тема на изложбата “Tributes”.

“Клуб МКЦ беше преплавен од топла, феноменална енергија на сите присутни и добив многу позитивни реакции. Се заблагодарувам на сите што ја посетија и на оние кои допрва ќе ја посетат”, изјави таа. Со задоволство Ви претставуваме дел од работата на оваа млада креативка.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАлиса Равенвуд | Дизајнер на театарски маски
Следна објаваМузејот Лувр
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР