Красејќи им го вратот на првите дами и поп икони, бисерните ѓердани одамна се запишаа во модната историја како безвременски моден додаток.
Поранешната прва дама на Америка, Џеки Кенеди, носеше нанижани бисери на свoите дамски фустани, што ги направи суштински детаљ на “preppy”естетиката. Принцезата Дијана, пак, им го донесе епитетот на “statement” аксесоар, комбинирајќи го својот бисер ѓердан со дијамант во 1994 година. Популарноста на раскошната низа бисерни ѓердани продолжи во истата деценија со подемот на супермоделите – најмногу во Chanel, кога Карл Лагерфелд ги украси Линда Евангелиста и Хелена Кристенсен со бисери.

Од едноставните елегантни низи од бисери до декадентните ѓердани нагласени со скапоцени камења, разновидноста е токму она што ги карактеризира најдобрите бисерни ѓердани како безвременско парче. Бисерите едноставно изгледаат добро – со се и за секоја пригода.Од раскош до минимализам, во галеријата подолу избравме неколку од најубавите бисерни ѓердани кои се летен задолжителен накит.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Македонија виа Италија“ – Изложба на фотографии од Влатко Рафески во КИЦ
Следна објава,,Сон”- Самостојна изложба на Љуљзиме Османи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ