Пролетта 2023 година нема да помине без апсолутното владеење на макси тексас здолништата, за што сведочат претходните аутфити на светските трендсетерки.

Не е тајна дека модата е цикличен концепт кој сега се рециклира повеќе од кога било, па така 90-тите години повторно владеат со модниот свет веќе некое време.

Од тој период доаѓа најголемиот актуелен тренд на улична мода – макси тексас здолништа кои полека но сигурно ги превземаа сите социјални мрежи, а секој пат сме сведоци на нови варијации на темата.

Како да носите макси тексас здолниште?
Со оглед на тоа дека сепак се работи за долго здолниште, иако многу лежерно, треба да се смири со некои полежерни парчиња како каубојски чизми или патики во боја. Во лето дефинитивно ќе ги видиме во комбинација со апостолки, рамни или со мала потпетица, додека оваа пролет најмногу ги комбинираме со патики, мокасини и каубојски чизми.

Макси здолништата од тексас ги поплавија социјалните мрежи: погледнете 7 стилски комбинации кои лесно ќе ги копирате

НЕМА КОМЕНТАРИ