Со голема Италијанска модна ноќ започна 26 издание на Моден викенд Скопје, најпознатата смотра на мода и одговорно консумирање на истата, во овој дел од Европа.
По првиот ден кој ја славеше италијанската мода, на вториот ден од Моден викенд Скопје кој повеќе од четврт век ја редефинира и повторно ја открива идејата за тоа што значи естетика и дизајн, посетителите имаа можност да ги погледнат последните колекции, но и иновации на домашните дизајнерски сили на модната сцена.
Програмата ја започнаа претставниците на Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер кој е дел од проектот,, Fashion Employment Hub” и кој е еден од фаворитите за соработка на Skopje Fashion Weekend, заради мисијата која заеднички ја делат, а посветена е на одговорната мода. Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег ИПА ПС програмата. Тоа беше и вовед кој присутните ги однесе во светот на иновациите и иднината.
Со претставување на IKIVERSE првата дигитална модна ревија на Моден Викенд Скопје на Искра Џокиќ Кецап. Таа е дизајнер и уметник кој користи најмодерна 3D дигитална технологија за дизајн на облека која е достапна во оваа област. „Panta Reicè тече, cè се менува. Оваа максима се однесува и на начинот на креирање во модниот дизајн. Живееме во дигитално време во кое секогаш се бараат нови решенија, нови алатки кои се адаптабилни и кои нудат одржлив пристап. Огледало на ова е и новата модна колекција IKIVERSE,, – изјави Искра при претставувањето на Својот проект.
Потоа следуваше “Hope this feels familiar”, проект кој е соработка помеѓу Модната дизајнерка Теодора Митровска и визуелниот уметник Душан Стефановски.
Се работи за проект кој ги истражува границите помеѓу мода, уметност и перформанс. Иронично насловен „Hope this feels familiar,, проектот претставува нов неистражен терен за Теодора и Душан, а особено за нашата модна сцена.
Втората вечер продолжи со модната ревија на студентите на Интернационалниот институт за мода Изет Цури-личност во модниот свет кој по своето повеќедецинско работење во најстарата светска модна метропола- Париз, се стекна со непроценливо искуство во техничките области на изведба на рафинирана облека, водење сопствено ателје за облека направена по мерка и костимографија. Неговата благородна визија за пренесување на знаењето и акумулираното професионално искуство на младите генерации од земјата и регионот резултираше со отварањето на Интернационалниот Институт за мода „Изет Цури” во Скопје во 2014 година. Овој институт стана синоним за врвни стандарди во обучувањето на идни дизајнери, како од технички аспект (моделизам), така и од аспект на поширока дизајнерска обука (стилизам) и оспособување за независна дизајнерска работа.
Интернационалниот институт за мода „Изет Цури” ја продолжува традицијата на подготовка и реализирање на модни ревии. Секоја од студентските креации кои ги видовме синоќа, се дизајнерски преводи на индивидуално избраните теми. Креациите го ставаат акцентот на техничката изведба, но и разработената инспирација која доаѓа од различни извори како: древните и современи култури, наследството на високата мода, експериментирање со техники на изведба, историјата на модата и реинтерпретација на дизајнерските остварувања од минатото, како и одржливата мода. По големото дефиле на Интернационалниот институт за мода, публиката имаше можност да ја погледне колекцијата “Goddess” на Емира Имери. Нејзината колекција инспирирана од богињите претставуваше Драматична игра на форми, бои и додатоци кои ја рефлектираат жената како борец која никогаш не се откажува од себеси.
Мила Спасовска го потпишува брендот Yamuna. Таа презентираше аксесоари специјално дизајнирани од боите на палетата на IQOS. „За оваа колекција инспирацијата левитираше и се градеше околу мене веќе некое време, а сега дојде моментот да се изразам и да ја преведам во облека. Изминатиов период се што забележував беа бизнис луѓе и анализирав каков е нивниот стил. Тоа ме интригираше и најадов голема инспирација во острите линии која ме асоцираше на сериозноста на овие луѓе. Од друга страна пак, свесна сум дека животот носи непредвидливи ситуации и дека истите тие сериозни ликови знаат да се најдат во хаотични моменти. Некои уживаат во хаосот, некои се трудат секој детал да им е испланиран, но како и да е не секогаш можеме да ги предвидиме околностите, а јас размислувам за тоа многу. За да можам сето ова да го преведам во архитектурата на телото, острите линии ги наоѓам во кројот на парчињата. Неговата улога е да му служи на телото и да раскаже повеќе за индивидуата која го носи парчето. Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат, таа е заслужна за животот да го направи убав и полн со забава, но и непредвидливост.
Префинетиот стил и боите на IQOS некако природно се вклопија во сентиментот на оваа колекција. Многу ми е драго за нашата соработка за која дизајнирам марами во нивните препознатливи бои. Тие се и дел од мојата ревија како аксесоари која ги надополна аутфитите,, -изјави Спасовска за оваа необична соработка.
УРМА имаше свој интересен поп ап простор на вториот ден од FWSK. Таа е и првата концептуална онлајн продавница кај нас, која го соединува пазарењето со културата на живеење, пружајќи им несекојдневно и стилско купувачко искуство на клиентите со дизајнерски производи од висок квалитет, како и внимателно одбрани производи од етаблирани брендови, креирајќи селекција која има и културни придобивки за купувачите.
Отворена беше и изложбата “SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT” посветена на личностите кои на свој начин и преку својата работа се гласноговорници на циркуларната економија.
Моден викенд Скопје со ова издание докажува дека убавината е во естетиката, но и во дејствието каде и како ќе се случува самиот настан. Па така, користењето на просторниот office ѕрасе на East Gate Mall, кој годинава е партнер на оваа голема модна смотра, покажа како со нов концепт, во минималистички манир преку архетипските кодови кои го идентификуваат овој настан кој е секогаш прочистен до срж, се подготвува за ново поглавје кое го носи сигурно и определено во своите принципити до третата деценија на постоење. Модните ревии имаа и пратечка офф програма со јавни дебати кои ги актуелизираа темите на одговорно консумирање на модота и на циркуларната економија, како силен фокус кој Моден Викенд Скопје ги застапува подолг временски период, но и теми поврзани за иновациите во модниот свет како што е 3D моделирање и виртуелни модни ревии кои полека стануваат глобална реалност.
Моден викенд Скопје не е само моден настан и не е само платформа за промовирање на новите сили во модата и славење на докажаните, туку и организација која претставува грижа, љубов и реалност за сите оние кои одлучиле да се посветат професионално со мода, дизајн, естетика и убавина, на кои ќе има се помогне на патот до успехот, па така низ бројки изминатите години реализирани се 303 модни ревиии, истите ги следеле преку 100.000 гледачи, се претставиле околу 50 самостојни дизајнери и 42 модни брендови и странски гости, организирани се 27 општествено одговорни настани, моделите ги носеле над 3.000 манекени, во организацијата биле вклучени над 500 луѓе и сè се одржувало на 50 типични и нетипини локации.
Мотото на 26-то издание на FWSK е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата е East Gate Mall, а календарски и концептуално настанот се вклопува во деновите на италијанскиот дизајн, при што ова издание се реализира во тесна соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, Италијанската агенција за трговија ITA и Ист Гејт мол.
Модните ревии имаа и пратечка офф програма со јавни дебати кои ги актуелизираа темите на одговорно консумирање на модота и на циркуларната економија, како силен фокус кој Моден Викенд Скопје ги застапува подолг временски период, но и теми поврзани за иновациите во модниот свет како што е 3D моделирање и виртуелни модни ревии кои полека стануваат глобална реалност.
Моден викенд Скопје не е само моден настан и не е само платформа за промовирање на новите сили во модата и славење на докажаните, туку и организација која претставува грижа, љубов и реалност за сите оние кои одлучиле да се посветат професионално со мода, дизајн, естетика и убавина, на кои ќе има се помогне на патот до успехот, па така низ бројки изминатите години реализирани се 303 модни ревиии, истите ги следеле преку 100.000 гледачи, се претставиле околу 50 самостојни дизајнери и 42 модни брендови и странски гости, организирани се 27 општествено одговорни настани, моделите ги носеле над 3.000 манекени, во организацијата биле вклучени над 500 луѓе и сè се одржувало на 50 типични и нетипини локации.
Фотографии: Гјоргиј Ристоски