Diesel е моден бренд кој со децении е присутен на модната сцена, но може да се каже дека во изминатите години Diesel не беше толку популарен, но минатата сезона Diesel  се врати на самиот врв на модата и стана еден од најпопуларните брендови.

Овој моден бренд ја отвори Модната недела во Милано, што беше полн погодок бидејќи апсолутно сите зборуваат за ревијата на Diesel.

Diesel ја покажа соработката со Durex на модната недела во Милано, а она што ја направи оваа ревија посебна е големата планина направена од 200.000 кондоми кои стоеја на средината на модната писта и околу која шетаа манекенките.

Durex во соработка со Diesel направи 300.000 кондоми кои ќе бидат дистрибуирани во филијалите на Diesel ширум светот. Презентираната колекција на Diesel го стави  сексапилот во преден план, па можевме да видиме неколку креации направени целосно од латекс или со парчиња кои имаат проѕирни делови.

Во оваа колекција Diesel се фокусира на стилот од 2000-тите, што е уште една потврда дека тој период од модата се враќа во тренд.

Модниот бренд Diesel со оваа модна ревија покажа дека се врати на самиот врв на модната сцена.

НЕМА КОМЕНТАРИ