Со овој краток упад во светот на семејството Петерсон кое само што доживеа најтрагична загуба, уништено од смртта на нивниот син тинејџер, Стил се оддалечува од современите романтични приказни за кои самата е симбол, за да даде примат на една семејна приказна која успева да се приближи до секој читател, независно жарнот кој го преферира. Премиерно автобиографско дело на добитничката на Нобелова награда за книжевност, Даниела Стил, искрено опишувајќи ја сопствената болка при загубата на нејзиниот најстар син, преточена во тажни, мајчински зборови.

Неверојатно згоден, висок, крајно љубезен и одговорен, Џони Петерсон со своите 17 години е столбот на неговото кревко семејство – притоа, ѕвезда на средношкоскиот баскет тим и совршено момче на неговата избраничка Беки. Се на се, неговата иднина е јасно осветлена и концизно уредена по матурирањето. Барем се додека не се случи несреќа на неговата матурска вечер, каде што тој во дел од секундата губи се: својот живот, блиските и сопствените соништа. Неговата смрт практично ги дотолчува веќе напнатите односи во неговиот дом, ставајќи го неговиот малечок аутистичен брат во незавидна ситуација да расте во такво опкружување. Оставајќи ја неговата Беки на милост и немилост во истата средина. Доказ дека Џони е синоним за апсолутна човечност и морал, е неговото враќање во форма на ангел, за кој неговата мајка одбива да прифати дека е реален, дека не претставува само визија предизвикана од болката. Со помош на втората квази-шанса која што му е пружена, неговиот татко се откажува од алкохолот, неговата девојка добива стипендија за колеџ, а неговиот брат почнува да зборува…

Преку една маркантна серија на обновена надеж и исцелување, Џони мора да се прости од мајка си и да и дозволи да се прости од своето чедо, да го залечи скршеното срце и да продолжи напред. Но, Џони не се враќа само да им помогне на оние кои ги сака, туку и да ги заслужи своите крилја исполнувајќи ги незавршените работи, постигнувајќи ја својата цел. Незаборавна приказна за љубовта и вербата, благословот и вторите шанси – прослава за животот, надежта и простувањето. Ќе Ве натера да се смеете и плачете истовремено, како и да ги држите Вашите блиски уште поблиски.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТатко на филмот | Eadweard Muybridge
Следна објаваПанорама од 360° | Chris Kotsiopoulos
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР