Веќе сега знаеме кои трендови на чевли ќе бидат најголем тренд во текот на 2023 година, чевлите со шпиц врв и балетанки се на врвот на листата.

Повторно ги анализиравме модните писти за 2023 година, а еве кои трендови на чевли ќе доминираат оваа година …

Многу често зборуваме за важноста да се инвестира во класични парчиња; работи кои ќе го издржат тестот на времето и кои ќе ги носите со години. Сепак, тоа не значи дека не сакаме да флертуваме со трендовите на сезоната.

Веќе ги анализиравме модните писти за да ги одбереме 5-те најпопуларни бои за 2023 година, а сега ви го насочуваме вниманието кон еден конкретен моден детаљ: чевлите.

Шпиц
Квадратни врвови владееја во изминатите неколку сезони, но за 2023 година, дизајнерите експериментираат со зашилени, шпиц силуети.

Балетанки
Благодарение на брендовите Miu Miu и The Row, балетанките беа еден од најголемите трендови минатата година. Ако веќе сте инвестирале во нив, ќе ви биде мило да слушнете дека остануваат за 2023 година, во сатен и кадифени верзии.

Кристали, монистри, сребро
Чантите со светки беа актуелни оваа сезона, а светликавиот тренд се пренесува и во 2023 година во форма на чевли. Од штикли до најхрабрите чизми, кристалните обувки се во фокусот на модните ревии.

Врвки на нов начин
Од чизми до колена кај  Givenchy до потпетици инспирирани од Ghillie кај Jason Wu, чевлите за пролет непредвидливо го добија уникатниот облик на корсет со преден дел врвки на врзување. Секси, но многу елегантни, овие чевли ги замислуваме во комбинација со проѕирни фустани или модерно здолниште до колена.

Гломазни бајкерки
Минатогодишните трендови на чевли беа повеќе од суптилни во споредба со оние што ќе владеат во 2023 година. Се враќаме со гломазни ѓонови и чекориме смело и гласно.

Металик боја
Златните и сребрените нијанси се вообичаени во зимските месеци кога сезоната на забави е во полн ек. Во 2023 година, забавата продолжува во текот на целата година, со палета на чевли (читај: особено високи чизми) во металик нијанси.

Отворени прсти
Ако сте го одложиле правењето педикир, овој тренд на чевли ќе ве натера да посакате повторно да го посетите салонот. Обувките со отворени прсти се појавија во цела палета на брендови – од ACNE Studio до Victoriа Beckham, и тоа во најиновативни дизајни.

Винил, ПВЦ, гума
За оние кои сакаат да експериментираат и да бидат ексцентрични, имаме добри вести: чевлите направени од винил, ПВЦ и гума сепак ќе се носат во 2023 година, а нашето мислење го потврдуваат Valentino, Coach, Huishan Zhang и многу други.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗначајни уметнички дела за историјата на светската уметност од 18 век
Следна објаваКратка историја за патувањето со балон на топол воздух
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ