Овие трендовски бои доминираа на модните писти за 2023 година!

По анализата на стотици ревии за пролет/лето 2023 година, резултатите се повеќе од конзистентни. Откријте ги 5-те најпопуларни бои во 2023 година подолу и побрзајте да најдете парчиња во овие тонови што е можно поскоро.

1. ВИОЛЕТОВА
Можеби Pantone бојата за 2023 година е бордо, поточно Viva Magenta, но ако ги погледнете модните писти се чини дека понежните нијанси на лаванда и јоргованот ќе ја надминат.

2. ЦРНA
Црната боја е вечна и безвременска, но модната статистика вели дека е посебен тренд оваа година.

3. ЛИМЕТА
Уште во септември минатата година беше јасно дека оваа боја ќе доминира во колекциите за 2023 година. Новиот трендовски тон го истакна Викторија Бекам, давајќи му нова перспектива на интерпретација и стајлингот – со моќен винил.

4. БЕЛА
Ако кажат Шанел и Жакемус, ние само копираме. Уште една неутрална боја која оваа сезона доаѓа посвежа, поотворена и попосакувана од кога било досега. А за тоа се погрижија дизајнерите кои си поиграа со неa во форма на широк спектар на дизајни – од свила до крзно.

5. Шафран
Ако зелената лимета боја не е за вас, има уште еден храбар моден тренд за 2023 година – шафран. Оваа живописна нијанса на црвена беше тешко да се игнорира во најновите колекции, а главно се носеше од глава до пети во костуми, фустани и чорапи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧОВЕЧКА АНТОЛОГИЈА – СОВЕТИ НА СЕДУМИТЕ ГРЧКИ МУДРЦИ
Следна објаваЕве која боја ќе биде хит оваа година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ