И покрај високите температури зимата продолжува и според се ни претстојат студени денови. Сезоната на скијање пристига, иако планините до пред некој ден беа зелени, но денес снегот сепак ги побеле.
Чизмите се незаменлив дел на секое пешачење на снег. Ни ги загреваат стапалата и ги штитат од снег. Иако основната функција е да не загреат, тие можат да бидат со супер изглед, многу модерни.
Оваа година овие чизми се голем хит, а иако многумина мислат дека чизмите се резервирани исклучиво за снежните планини, модерните девојките ги носат дури и низ градот.
Со години најпопуларни беа чизмите Ugg или Inuikii, но оваа година тоа не е така. Дефинитивно најпопуларните чизми се оние од брендот Moon Boots.
Moon Boots се многу квалитетни чизми кои навистина ќе ве заштитат од зимата, а во нив ќе бидете и забележени.