ZARA ИМА НАЈУДОБНО ЗДОЛНИШТЕ ОВАА СЕЗОНА

Zara оваа зима има посебен модел на миди здолниште кое е хит во модниот свет.

Зимскиот период е познат по доминацијата на темните нијанси, но тоа не значи дека овие стилови треба да бидат здодевни. Сосема спротивно. Сивата боја е одличен избор за впечатливи комбинации, особено што изгледа подеднакво ефективно во комбинација со бела, класична црна и сите други нијанси на сива боја.

Сивата боја изгледа одлично на зимските здолништа, кои во миди верзијата се добра алтернатива за панталоните – удобни се, овозможуваат лесно движење, изгледаат многу шик и префинето, но умерено. Навистина совршена основа за впечатлив дневен стил.

Така, во понудата на Zarа не привлече ова прекрасно сиво миди здолниште, асиметричен модел кој може да се носи од утро до вечер. И додека е можно да се носи како дел од секојдневен есенски аутфит, брендот ни покажа како овој модел изгледа одлично со чизми и кожна јакна. Навистина, стајлинг во кој наутро ќе одите во канцеларија, а после работа на кафе или вечерa.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДоделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје
Следна објаваКако да направите домашен чај со меурчиња – моментално најпопуларен пијалок во светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ