Излезе колекцијата за празнични забави на Камил Шариер и Mango.

Писателката, инфлуенсерка и телевизиска водителка Камил Шариер е позната во светот како една од најдобро облечени жени, а пред неколку дена излезе нејзината колекција која ја дизајнираше за многу популарниот бренд Mango.

Камил ја дизајнираше колекцијата токму за периодот што претстои, односно празничната сезона, која изобилува со забави и новогодишни свечености.

Токму поради оваа причина, колекцијата изобилува со монистри, кристали, фустани и капути кон кои Камиле е особено “слаба”, како што вели таа.

Целата колекција е прекрасна, а ние за вас одбравме дел од најубавите парчиња.

НЕМА КОМЕНТАРИ