Чизмите со чорапи се голем хит со години, но оваа година добија надградба во форма на кристали.

Кристалите се голем хит оваа сезона и ги красат сите парчиња облека како и модните додатоци, вклучувајќи ги и чизмите, а дефинитивно најпопуларни се овие мрежести чизми со високи потпетици.

Mango дизајнираше и своја верзија на популарните чизми, која не воодушеви. Црните чизми кои допираат веднаш над глуждот и се тесни како чорап, украсени се со сребрени кристали и се направени од мрежест материјал, што ги прави толку посебни.

Овие прекрасни чизми можете да ги најдете само во онлајн продавницата на Mango.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ