‘Скопскиот џез фестивал’ во соработка со Europe House Skopje ги поканува сите заинтересирани мали џезери и џезерки на работилница под наслов „Jazz for Kids“ – основи на џезот и импровизацијата низ предавање, игра и вежбање на разни перкусивни инструменти (тапани, удиралки, звончиња, дајриња и сл.). Работилницата ќе ја водат познатите џез барабанџии Гоце Наумов (Македонија) и Марјан Станич (Словенија).

👧👱🧑Возраст: 5-12

📌Датум: 15.10.2022 (сабота)

🕛 Време: 12:00-13:30 часот

🏢 Место: Europe House Skopje

          . 🗣ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА;

Работилницата е бесплатна, но бројот на места е ограничен на 15 деца. Вашите пријави, кои треба да содржат име и презиме на детето + неговата возраст, испратете ги на sjf@skopjejazzfest.com.mk најдоцна до петок, 14.10.2022 во 14:00 часот. Предност при селекцијата ќе имаат оние што ќе се пријават најрано.

НЕМА КОМЕНТАРИ