Шарлот Казираги …

Aристократка и внука на Грејс Кели, освен како модел и заштитно лице на најголемите модни куќи како Шанел, важи и за стилска икона.

Ќерката на принцезата Каролина од Монако и внука на славната Грејс Кели, од мала  порасна како потомок на аристократско семејство, појавувајќи се на разни светски општествени и спортски настани. Таа од рана младост покажува префинет вкус и стил кој не се промени многу низ годините.

Како вљубеник на јавање коњи, често учествувала на натпревари и била забележана во модните кругови, па така станала и амбасадорка на коњичката колекција на Гучи, а подоцна и на козметиката. Освен во Гучи, таа можеше да се види и во Сен Лоран и Џамбатиста Вали, а стана амбасадор и на Шанел, модна куќа со која нејзиното семејство се поврзува со генерации.

Шарлот Казираги е голем вљубеник во пишаниот збор и филозофијата, па го основала друштвото „Les Racontres Philosophiques de Monaco“ кое ја промовира филозофијата преку организирање настани и дискусии, а како дел од нејзината соработка со Шанел одржала литературни средби со писателки кои , со своите делувања, придонесоа за ослободување на жената.

Што се однесува до модата, Шарлот со подеднаква ноншалантност носи униформа за јавање, фармерки и патики, гламурозни тоалети на етаблираните модни куќи кои потсетуваат на ликот на нејзината баба. Сепак, најчесто тоа може да се види во миди и мини фустани и здолништа, а понекогаш долгите фустани често имаат силуета во духот на Арт Деко периодот.

НЕМА КОМЕНТАРИ