Во периодот од 18 до 21 септември во Скопје ќе се одржи десеттото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан.“ Гости на фестивалот ќе бидат десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко.

Добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, за оваа година е македонската писателка Оливера Николова, на која ќе ѝ се придружат писателите: Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли.

Творештвото на овие автори ќе биде промовирано на отворањето на 18 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот.

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа,“ a фестивалот е поддржан од “Министерство за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

 

„ПРО-ЗА Балкан“, не само што се справи со желбите да биде позициониран повисоко од условите во кои вирее и се развива, од општествените (не)прилики кои никогаш не и оделе од рака на културата, туку и се наметна како една од ретките манифестации која го следи, ако не и диктира, пулсот на времето во кое живееме овде и сега – на овој од дамнина поделен Балкан, ова „буре барут“ или уште поубаво и покорисно „азното со различности што треба да не приближуваат, спојуваат, красат“ – пишува новинарот Љупчо Јолевски за Radio Slobodna Evropa na Makedonski

 

? ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ на 10, „ПРО-ЗА“ БАЛКАН.

?Прв ден 18 септември 2022

* Свечено отворање – Даут-пашин амам – 20.00 часот.

* Претставување на писателите и нивното дело.

* Со Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац и Томислав Османли ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

?Втор ден 19 септември 2022

* Тркалезна маса „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“ – Europe House – од 13.00 до 14.30 часот.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Модератор: Владимир Јанковски.

* Средба на членовите на „Скопје fellowship“ програмата со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

* Александар Прокопиев разговара со Рајко Грлиќ (од 20.00 ч, книжарница Буква).

Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски

* Музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга, „Полиграф“ (од 21.00 ч.) – книжарница Буква.

?Трет ден 20 септември 2022

* Затворање на фестивалот. – Даут Пашин амам – 20.00 часот.

* Писателите ќе читаат извадоци од нивните дела.

Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело.

* Видео обраќање од добитничката на наградата „Прозарт“, Оливера Николова.

?Четврт ден 21 септември 2022

Офф програма,

* Прикажување на филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ. Прашања и одговори и разговор меѓу Рајко Грлиќ и Александар Прокопиев.

Кинотека на Северна Македонија – од 20.00 часот.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ