Дали сакате омлет? Ви го откриваме рецептот за омлет на поинаков, или шпански начин …

Омлетот е јадење кое се подготвува многу брзо и лесно, а на многумина им е омилено. Омлет може да се направи на илјада и еден начин. Само со јајца, со шунка, сирење, зеленчук…
Но, неодамна откривме нов начин на подготовка на омлет. Тоа е шпански омлет кој е многу популарен во Шпанија.
Шпанскиот омлет се прави од јајца, кромид и компири. Тоа е многу заситен оброк, така што нема да ви треба гарнир. Се подготвува и многу брзо и лесно.

Рецепт за шпански омлет (4 до 6 лица)
– 600 грама компири
– 6 јајца
– 1 голем кромид
– путер
– сол
– бибер
Излупете ги компирите. Се сечат на мали коцки и посолете. Исто така, исечете го кромидот на мали коцки и пржете на путер. Кога ќе се пржи кромидот, додадете ги компирите во тавата и пржете ги околу 10 минути додека да омекнат. Изматете ги јајцата во сад и зачинете ги со сол и бибер. Прелијте ги јајцата врз кромидот и компирот и печете 7 минути од едната страна, а потоа внимателно свртете го омлетот на другата страна и печете уште 3 до 5 минути.

На здравје!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо боите на зрело овошје
Следна објаваРЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА СИМОН УЗУНОВСКИ ВО МСУ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ