Здружението “3×3 Basketball Skopje” Македонија заедно со Скопје Сити Мол, на 1ви, 2ри и 3ти јули организираат голем спортски спектакл, rooftop FIBA 3х3 баскет турнир. Ќе се одржува на катната гаража на трговскиот центар. Заинтересираните “баскетболџии” ќе можат да се пријавуваат за турнирот на info@3x3macedonia.mk или на инстаграм профилот на 3x3macedonia.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и 3х3 летната лига на територијата на Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja беше промовирана на последните Очимписки Игри. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Кошаркарска Федерација на Северна Македонија!

Овој настан се организира по четврти пат во Скопје Сити Мол. На претходните турнири во Скопје Сити Мол учествуваа македонски екипи и екипи од земјите во регионот (Србија, Црна Гора, БиХ и други).

Турнирот во баскет „3х3“ ќе се игра 1ви јули ( за играчи со возраст под 18 години ) 2ри и 3ти јули за екипи ( возраст +18 ) . Натпреварите ќе започнуваат од 17 часот и ќе траат до 22:00 часот. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во наредните денови.

Покрај официјалнот дел со натпреварите 3 на 3, од Скопје Сити Мол подготвуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн.

Ова е дефинитивно настан кој не смее да се пропушти! Се гледаме на 3×3 во Скопје Сити Мол!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваД-Фестивал во Дојран од 1 до 3 јули 2022
Следна објаваМакси должина за раскошни летни фустани и нов бохо стил
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ