Речиси и да не постои жена која не ги обожува фустаните и нивната леснотија на носење. Ако носите добар фустан, не треба да размислувате што да облечете со него и што да комбинирате. Фустаните им даваат посебен шарм на многу жени. Достапни се и секогаш модерни.

Овие фустани одлично се комбинираат со рамни чевли и патики, но и со високи потпетици. Дневните фустани лесно може да се претворат во фустани за на работа, за поформални пригоди, но и за излегување. Тоа е големата предност на фустаните на H&M.

Оваа сезона во тренд се фустаните без ракави кои можат да се носат самостојно, но и преку кошули, маици…

Фустан-кошула, се одличен избор за работа, но и за лежерни ситуации.

Тексасот е модерен и оваа сезона, па со тексас фустан не можете да погрешите.

Оваа сезона модерни се различните типови на фустани, а нагласен е стилот на личноста.

Фустани кратки или долги, широки или тесни, оваа сезона трендовите се шарени. Модерни се еднобојни фустани, фустани со нагласени натписи, како и фустани со дезени.

Модерни бои се претежно неутралната беж, кафеана, бела, црна… но и оние со  силни светли бои.

Удобноста е една од главните карактеристики на модерните фустани оваа сезона, па ако сакате модерен изглед, фокусирајте се на тоа што ви е удобно и што прави да се чувствувате така.

НЕМА КОМЕНТАРИ