Архитектот Mohammad Hussen го дизајнираше оригиналниот дизајн на облакодерот Melania Tower. 

Melania Tower е хибридна зграда која се состои од трговски центар, канцеларии и луксузни хотелски апартмани сместени на брегот на езерото Ербил во Ирак, со органска структура.

Висината на оваа кула е околу 140 метри.

Облакодерот е замислен да биде туристичка атракција и знаменитост, поттикнат со формирање на органска фасада заснована на прекрасни флуидни форми кои оставаат незаборавен белег во меморијата на набљудувачите.

Функциите на катовите во кулата почнуваат од подрумот – четири ката ќе се користат како гаражи, пет ката за трговскиот центар, потоа десет ката ќе бидат наменети за деловен простор, додека дури дваесет ката ќе бидат резервирани за хотели. На самиот врв на облакодерот ќе има панорамски ресторан од 360 степени со поглед на пејзажите на Ирак.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да ја интегрирате главната боја на 2022 година во вашиот ентериер
Следна објаваВодич за купување: што вреди да се купи на попуст
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ