‘Very Peri’  е ѕвезда дури и во областа на дизајнот на ентериерите

Според институтот Pantone, бојата која ќе преовладува како ниедна друга во текот на 2022 година е Very Peri – мешавина од виолетова и сина, која создава неверојатно посебна нијанса, која никогаш не останува незабележана.

Така, оваа боја е веќе насекаде и ние ги собравме најмодерните начини како да ја интегрирате во декорацијата на вашиот дом, правејќи мали и големи промени кои ќе направат разлика во крајниот резултат.

Сега е идеална можност полека да ја вклучите во вашите простори! Доколку се прашувате како, ви откриваме неколку начини во фотогалеријата.

ПОЧНЕТЕ ОД КУЈНАТА

Оваа посебна боја е во состојба да создаде неверојатна атмосфера, која ќе го промени изгледот на вашиот дом. Можете да ја изберете оваа необична боја за кабинетите или за плочките и да внесете допир на неверојатно забавен и модерен резултат.

ОБОЕТЕ ГО SИДОТ

Еден од најлесните начини да ја внесете главната боја во вашиот дом следната година е да обоите еден од ѕидовите. Особено ако барате начин да дадете боја и „виталност“ без многу труд, ова е најсоодветното решение кое ќе ја промени внатрешноста на вашиот дом. Very Perry е одлична идеја за вашата канцеларија, дневна или дури и детска соба, бидејќи според експертите оваа боја ја буди креативноста.

ДЕТАЛИТЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА

Доколку не сакате да правите големи и „трајни“ промени, можете да додадете Very Perry во форма на акценти или аксесоари кои ќе можете да ги отстраните во секое време. Некои украсни перници, впечатлив тепих, декорација, уметнички дела за ѕид или површини се дел од идеите во кои вреди да се инвестира во овој период.

ВИНИТИЏ РАСПОЛОЖЕНИЕ

Како што одминуваат годините и дизајнерските трендови продолжуваат да се менуваат, забележуваме дека има силна промена во винтиџ естетиката, која многумина од нас ја претпочитаат во украсувањето на своите простори. Ова важи и за бојата на ’22, која можете да ја најдете во винтиџ мебелот и декорацијата, која ќе даде доза на луксуз. Совршена би била импресивна фотеља од кадифе или кожа, која би доминирала во дневната соба или на кое било друго место во куќата.

СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА НА БОИ

Вистина е дека оваа нијанса на виолетова е прилично карактеристична и експресивна сама по себе, што автоматски значи дека може да биде тешко да се комбинира со други бои или можеби не? Сепак, постојат тонови кои можат фантастично да одговараат на Very Perry! Златото – особено сега за време на празниците – може неверојатно да се усогласи и да создаде совршена комбинација на бои, додека истото важи и за зелената и окер жолтата. Јасно е дека белата како и црната се сигурен избор на бои кои одговараат со се.

ПРИРОДНИ ДОПИРИ

Еве нешто што бара можеби најмалку напор од сите горенаведени, но ќе обезбеди подеднакво импресивен краен резултат. Наполнете ја масата и другите површини со вазни, во кои можете да ставите свежо виолетово цвеќе. Отсега внесете ја пролетта во вашиот простор со мали допири, кои ќе дадат „живот“ и ќе создадат совршена атмосфера.

СПОДЕЛИ
Претходна објава20 најубави фустани кои ги видовме на познатите дами во изминатата година
Следна објаваФутуристички облекодер Melania Tower со органска структура
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ