Има ли нешто подобро од тоа да се разбудите среде бујна природна средина која изгледа сосема нереално?

Да има! Во Anantara Golden Triangle Elephant Camp & Resort во Тајланд, целата природна убавина е поврзана со друштвото на највеличествените животни на Земјата – слоновите. Патем, ова не се какви било слонови, 22 слона кои живеат на терен се спасени од градските улици на Тајланд и сега можат да ги живеат своите денови во целосен мир.

Добрата вест е што луксузното одморалиште сега нуди сосема нови ложи „Jungle Bubble“ со две спални соби кои им овозможуваат на семејствата или на група пријатели да уживаат во исклучително искуство. Сместени покрај недопрените брегови на реката Руак, новите ложи „Jungle Bubble“ се доволно пространи за четворица гости и покриваат 150 квадратни метри простор за живеење.

Климатизираните домови имаат две големи спални соби, секоја со проѕирен покрив за гледање на ѕвездите додека се релаксирате на најудобните кревети со големи димензии. Имајќи предвид дека гостите се пријатели или семејство, затворениот нетранспарентен простор за туширање и тоалет ја обезбедува вашата приватност. Децата и возрасните можат да поминуваат време во дневната соба уживајќи во погледот на слоновите или броејќи ги ѕвездите низ проѕирниот покрив.

Други додатоци во ложата кои ќе ви го направат престојот исклучително удобен се мини бар и прибор за правење чај и кафе. Во собите ќе најдете и удобни бањарки и влечки.

„Jungle Bubble“ е навистина празничен рај со свежи постелнини, перници од пердуви и исклучителен тоалетен прибор. За подобро уживање во погледот на слоновите, идеална е дрвена тераса од 80 метри квадратни. Овде, гледањето на слонови може да се комбинира со забавни активности како што се уживање во малиот базен или ужина  во одвоениот простор за седење и трпезаријата на отворено.

Гостите можат да го искористат своето слободно време да инвестираат во својата благосостојба со јога сесии рано наутро, проследени со обилен појадок во дивината. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦелиот луксуз на Сен Тропе се рефлектира во овој уникатен стан
Следна објава“Party all the time”: 16 елегантни фустани кои ќе ги сакате за празничните забави
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ