На прекрасниот брег на Сен Тропе, со прекрасен поглед на океанот, се наоѓа куќа која е дефиниција за луксуз.

Доминацијата на златни, темни нијанси во контраст со беж тонови ни дава чувство на удобност и елеганција во исто време. Оваа куќа е прилично голема, што овозможува  да се дефинираат многу области во една просторија. Се состои од два ката, горниот кат каде има елегантна спална соба со фантастичен гардеробер и долниот кат кој се состои од кујна, дневна, трпезарија и базен.

Карло Донати, еден од најпознатите дизајнери во светот, со атраст ја дизајнираше оваа куќа во Сен Тропе во соработка со Essential Home, бренд за луксузен мебел.

 Во секое негово дело, без разлика на стилот, неговиот пристап е секогаш минималистички, под влијание на боите и графичките назнаки инспирирани од темата избрана во процесот на дизајнирање.
„Ако размислувам за сите проекти кои ги работевме, најдобрите резултати секогаш доаѓаат од синергијата и силните емоции со клиентот. Оваа соработка може да биде извор на креативност и може да не доведе до подобри решенија“, вели дизајнерот. Донати беше инспириран од ерата кога елеганцијата беше референтна точка: „Апсолутно верувам дека ова ќе биде основната референца за луксузниот дизајн, бидејќи зборуваме за безвременска елеганција“.

Продлабочувајќи ја архитектурата на куќата, со минималистичка естетика, внатрешноста е составена од палета на бои во светли тонови како сива, беж и бела. Впечатливиот мермер и дрвото во светли нијанси биле основа за еклектичен избор на мебел и уметнички дела, додека чистите линии, минималистичките украси и совршено дизајнираните, модерни елементи проникнуваат во амбиентот со чувство на стогост и луксуз.

Црните и бронзените детали и извајаниот мебел изгледаат импресивно, па затоа реновираната куќа е совршен пример за тоа колку едноставните, експресивни гестови можат да имаат огромно влијание дури и во мал простор. Комбинацијата на прекрасни материјали кои на најидеален начин го поддржаа избраниот стил, овозможува целосно релаксирачка и стилизирана средина.

Дизајнерот детално ги проучил боите, мебелот и дополнителните елементи кои биле вградени, обезбедувајќи светла средина која се карактеризира со фантастичен дизајн и со удобност што владее во секој простор.

СПОДЕЛИ
Претходна објава12 градови со најубаво празнично осветлување во светот
Следна објаваСпиење со слонови под sвездите во „Jungle Bubble“ на Тајланд
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ