Пејачката ја реновирала куќата на познатиот филмски продуцент Семјуел Голдвин. Тејлор Свифт е една од најбогатите музички ѕвезди во светот со богатство проценето на 800 милиони долари.Ѕвездата инвестираше голем дел од своето богатство во недвижен имот, купувајќи куќи во Њујорк, Нешвил и Роуд Ајленд. Таа неодамна ја купи куќата на познатиот продуцент Семјуел Голдвин во Беверли Хилс и ја реновираше за да ја врати во првобитната состојба, нагласувајќи ги архитектонските елементи од времето кога е изградена.

Свифт работеше со тим архитекти на реновирањето на куќата со цел да ги зачува сите архитектонски детали на историската вила. Куќата е изградена во 1934 година за Голдвин и неговата сопруга Френсис, во близина на домовите на ѕвездите Клерк Гејбл и Чарли Чаплин. Вилата, по смртта на продуцентот во 1994 година, беше во сопственост на семејството Голдвин, додека Свифт не ја купи во 2015 година од синот на Голдвин за 25 милиони долари. 
Вилата има седум спални соби и десет бањи. Куќата располага со библиотека и со платно за филмски проекции. Главната спална соба има приватен балкон со поглед на градот. Покрај прекрасните соби, вилата има и игротека, теретана и дополнителна куќа за гости над гаражата.

Прекрасна е и надворешноста на вилата. Пред влезот се наоѓа голем тревник, а има и базен со сопствена викендица, надворешна кујна и тениско игралиште.

НЕМА КОМЕНТАРИ