Ова се дизајните што ќе сакате да ги набавите што е можно поскоро …
 Можеби температурата е доста висока, но сите љубители на модата почнаа да се подготвуваат за есенската сезона, со купување нова облека.
Покрај неодминливите мантили и капути, чизмите се клучен елемент на новата сезона и секоја година сакаме да дадеме допир на обновување на нашата колекција.
 

Удобноста стана составен дел од нашите животи и по една година помината во папучи и патики, рамните чизми имаат предност кога е во прашање изборот на нови модели за студените денови. Рамните чизми не се само практични и удобни, туку се сметаат и за еден од најголемите трендови.

Оваа сезона се издвојуваат масивните модели, односно чизми со робусни ѓонови.

Иако изгледаат необично, модните дизајнери препорачуваат да не се двоумите и да ги носите од утро во канцеларија со костум и миди здолништа до вашите најобични  прошетки со фармерки, плетени фустани, па дури и комбинезони. Се што ви треба за да имате совршен резултат е да пронајдете модел кој ви одговара.

Ги разгледавме новите колекции на најпознатите брендови и ги издвоивме најпопуларните дизајни за оваа сезона …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирација: 30 улични изданија од Модната недела во Милано кои ќе ве воодушеват
Следна објаваЗелената боја ќе му даде доза на оптимизам на вашиот стил
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ