Познатиот филмски фестивал,  на чиј црвен тепих ќе продефилира холивудската и европската актерска елита во следните десет дена, може да се пофали со премиерата на неколку од најочекуваните наслови на годината.

На прво место, тоа е научно -фантастичната драма Duneчија премиера ја чекавме речиси две години, а потоа Spencer – кој се занимава со темата за животот на принцезата Дијана, но секако и Parallel Mothers, кои ја отворија филмската церемонија.

Кога станува збор за стајлинзите кои ги чекаме, со оглед на тоа колку пати Хелен Мирен воодушеви во последните неколку дена од својот престој во Венеција (од појавувањето на модната ревија на Долче Габана за време на викендот, и во текот на секој нареден ден и настан ), до синоќа, буквално најсветлиот стајлинг на вечерта, сепак очекуваме уште многу од 76-годишната британска актерка.

Слично е и кога станува збор за една од sвездите на фестивалот, Пенелопе Круз, која синоќа блесна во креација од модната куќа Шанел, исто очекуваме од Крисин Стјуарт на премиерата на Спенсер, со оглед на тоа дека американската актерка е исто така еден од амбасадорите на Шанел.

Кога станува збор за посилниот пол, sвезда на биеналето секако е младиот Тимоти Шаломе, како во однос на водечката улога во култната Дина, така и во однос на облеката, бидејќи овoj 25-годишен актер никогаш не разочарал со неговите стајлинзи, туку често воодушевува и изненадува – што е навистина тешко да се постигне во светот на машката елеганција.

Tilda i Timoti Šalome

Timoti Šalome na premijeri filma Vesa Andersona

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПенелопе Круз беше sвезда на вечерта на филмскиот фестивал во Венеција
Следна објаваТвидот е најмодерниот материјал оваа есенска сезона
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ