Зошто воопшто се мачиш да носиш облека кога чантата неизбежно ќе го украде вниманието?

Супермоделот Кендал Џенер позираше гола во новата рекламна кампања на Jacquemus, а првата фотографија беше објавена на Инстаграм профилот на модниот бренд …

Кендал, која минатата сезона чекореше по пистата на Jacquemus, се соблекува и позира потполно гола држејќи се за зелено јаже со розова Jacquemus чанта која виси преку рамото и стратешки ги покрива нејзините гради.

Новата фотографија навестува лансирање на кампањата La Montagne. Фокусот е на правоаголна антилоп торба со златен ланец. На рекламната фотографија, Кендал носи црвени чорапи до колена, розови папучи и големи обетки.

Минатиот месец, 25-годишната убавица и топ модел се појави на модната ревија на Jacquemus, враќајќи се на пистата за прв пат од почетокот на пандемијата COVID-19.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБисерен ѓердан TikTok кој го имаат сите од Ријана до Бела Хадид!
Следна објаваGREEN POWER: зелената боја која ќе доминира во наредните месеци!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ