Колекцијата Chanel Cruise е секогаш многу повеќе од обично пакување на кофери. Ова е инспиративно патување, дизајнирано до најмалите детали што ќе остане во вашата меморија долго време.

За колекцијата, дознавме дека е посветена на пријателството на Коко Шанел и Жан Кокто. Францускиот драмски писател и француската дизајнерка постојано се допишувале и обожувале мистицизам и симболика.

Но, она што јасно го забележавме беа насликаните гулаби на дводелното одело и коктел фустанот исткаен од тантела.

На крајот од ревијата, малку боја неочекувано влегува во овој црно -бел филм. Поточно, изгледа како ретки траги во филмот: скапоцен шарен вез во форма на полско цвеќе на длабоки и широки панталони, син фустан и пердуви во лаванда нијанса.

НЕМА КОМЕНТАРИ