Со секој нов чекор на црвениот тепих, ние сме убедени дека актерката Марго Роби била Французинка во минатиот живот …

Уште пред да стане заштитно лице на кампањата на Шанел за промовирање на часовниците J12, таа беше претставена како нивен амбасадор, па често можевме да ја видиме Марго во фустани потпишани од познат француски моден бренд во свечени пригоди.

Обично кога некој вели Шанел, нашата асоцијација е одело од твид кој го промени светот на модата, но како и секогаш, Марго најде начин да не изненади.

 

На премиерата на нејзиниот нов филм „Suicide Squad“ (втор дел) во Лос Анџелес, таа се појави во комбинезон што на прв поглед можеби воопшто не изгледа Шанел, но во неговото јадро е токму тоа.

Горниот дел со ефект на драпирање е збогатен со безвременски брошеви со препознатливото лого. Под неизоставниот амблем кој го претставува овој бренд, можеме да видиме дека 30-годишната актерка се одлучи за транспарентен топ во млечно-бел тон.

 Baggy панталоните се нагласени со појас направен од ниски бисери, а целиот стајлинг е врамен со едноставни потпетици кои совршено се вклопуваат во концептот на минимализмот со доза на гламур.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да комбинирате елегантни женски кошули за важни настани
Следна објаваТри пијалаци кои ќе ви го забрзаат варењето на храната
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ