Stella McCartney ja претстави фантазијата во нејзината есенска кампања, наречена Our Time Has Come…
Британската модна дизајнерка го агажираше почитувано фотографско дуо, Mert & Marcus, за да фотографира животни кои го истражуваат Лондон.
Облечени во најдобрите парчиња од есенската колекција со потпис на славната дизајнерка, мечки, птици, кучиња и кенгури тргнаа во авантура низ улиците на британската престолнина.
Кампањата исто така ја шири пораката на организацијата Humane Society International, која повикува за забрана на трговија со крзно на глобално ниво.
Од јакни со пердуви, до панталони од крзно, сите модели чиј дизајн и креација ги потпишува Стела се cruelty-free.
Веганските чанти се украсени со ланци и доаѓаат во преголеми стилови. Покрај фотографиите, дел од целата приказна е и краток документарен филм.
„И, иако оваа кампања е хумористична, сакам да се позанимавам со сериозен проблем – забрана за употреба на крзно. Без разлика дали се продава во Европа или во светот, употребата на крзно е варварска практика која не познава граници. Мојата животна мисија е да ја разбудам совеста во модната индустрија”