Ако сте подготвени да му дадете на вашиот дом врвен луксузен изглед, треба да обрнете внимание на неколку работи …

Имајќи предвид колку време поминавме внатре во нашите домови минатата година, добро се запознавме со секој дел од мебелот и деталите. Забележавме сè што не ни одговараше и разбуди чудна желба кај нас, истакнувајќи ја нашата потреба за убави работи.

Реновирањето на нашите ентериери речиси по правило се одвива во текот на пролетниот или летниот период, а во исто време, најпознатите брендови во светот ги лансираат своите новини, што ќе ни помогне да го создадеме изгледот што го посакувавме во нашите амбиенти.

Bentley Motors i Bentley Home се горди што ја презентираа својата најнова соработка – Колекцијата 2021 година. Четирите нови одважни дизајни на мебел што беа презентирани, содржат комбинација на внимателно избрани уникатни материјали и завршни работи, кои комбинираат иновации, технологија и фина изработка.

Масата Aldford, софата Ramsey и двоседот Styal имаат елегантни и уникатни лакирани финиши, со нов возбудлив материјал изработен од мермерен прав, со голем избор на завршни детали.

Силните, карактеристични линии и безвременските форми ги карактеризираат новите дизајни на мебелот потпишани од Karlo Kolombo во тесна соработка со  Bentley Design, воведувајќи го новиот лак на Bentley Home Degrade и материјалот MARM \ More ®.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОваа година, венчаници од соништата се мини и супер женствени!
Следна објаваФлип-Флоп сандалите се најголемиот летен тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ