Морнарскиот стил го најде патот до најновата колекција потпишана од Мјуча Прада …

Креирајќи визија на класичен летен концепт со модерен, свеж и ироничен пресврт, колекцијата Maritime на брендот Miu Miu е сè што ви треба оваа сезона.

Новото издание комбинира типично машки елементи, како што се јакна со широки рамена и практичност, со женски и елегантни детали како тантела, машни, карнери, нежни ракави, V-изрези и сандали украсени со декорирани камчиња.

Палетата на бои вклучува сина, бела, бледо розова и црвена боја, со материјали кои се движат од сатен, пуплин и памучен тексас.

За кампањата на новата колекција, Miu Miu соработуваше со стилистата Лота Волков кога станува збор за стилот, додека за спотот го ангажираше Џони Дуфорт. Во кампањата можеме да ги видиме Елиса Лор, Нина Пронк, Шаде, Шинк Хјун Ји и Топси, од кои секоја носи нови парчиња со неверојатен стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШик вазни кои мора да бидат дел од секој стилизиран ентериер!
Следна објаваОД Ханој до Капри: откриваме хотели со најдобри кровни тераси!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ