Ако сте љубител на парискиот стил погледнете ја  оваа спектакуларна вила стара скоро сто години …

Сместена во Сан Франциско, во посакуваните Пацифички височини, таа ќе ве приближи до животот во Градот на светлината и љубовта.

Штом еднаш ќе го почувствувате уживање во кафето и кроасаните на нејзината сончева тераса или вечера со пријателите пиејќи бренди и разговарајќи за делата од класичната литература пред рачно резбаното огниште, можеби никогаш повеќе нема да сакате да одлетате до славниот град.

Очигледно, претходната сопственичка на вилата, по професија дилер на антиквитети, го трансформирал својот простор, кој се протега на четири ката, помеѓу 1994 и 1997 година. За тоа време, таа неколку пати ја посетила Франција, истражувајќи ги архитектонските знаменитости, од Париз, преку Прованса, сè до Бордо.

Изградена во 1912 година, вилата има надворешност што првично била нагласена со чудна фасада од црвена тула.

Реставрацијата во текот на 90-тите години на минатиот век додала големи, рачно издлабени камени рељефи на предната и задната страна.

Во стилот на париска вила, нејзиниот стрмен покрив има прекрасни заоблени прозорци, додека под гореспоменатите рачно врежани детали се наоѓаат елегантни горни и долни балкони со железни балустради и француски врати.

Вилата од 865 квадратни метри се простира на четири ката и содржи пет спални соби и пет купатила.

Нејзиниот главен детаљ е секако деталниот, бело- златен таван во дневната соба. Таа е создадена од локалните уметници од Сан Франциско за време на процесот на реставрација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршен моден додаток за жешкото лето!
Следна објаваBurnt Coral Pantone: нијанса која ќе го одбележи летото!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ